Повик за волонтери

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамки на својата програма за волонтирање и практиканство, распишува оглас за 3 (три) волонтери со цело работно време за период до 3 месеци. Волонтерите ќе бидат вклучени во проектнитe активности на МЦМС, а фокусот на активностите ќе биде на локалните избори.

Работните обврски на волонтерот/ката ќе бидат:

  • Собирање и обработка на податоци;
  • Поддршка во подготвувањето на кратки вести и анализи; 
  • Поддршка при организирање на настани;
  • Други работи поврзани со работата на МЦМС.

Предност ќе имаат кандидати со одлични вештини на работа во MS Windows, MS Office и пребарување на Интернет.

Ангажманот ќе се спроведува во периодот 10 септември – 10 декември 2017 година. За својот ангажман волонтерите ќе добијат надомест на трошоци за храна и превоз.

Избраните волонтери ќе добијат и обука за спроведување на работните задачи.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 27 август 2017.

Само предселектираните кандидати/ки ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и интервју.

Заинтересираните кандидати можат да ги поставуваат своите прашања кај Наташа Иваноска на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

oglas