За нас

Прашањето на изборите е во основа прашање на добро владеење и партиципација. За локалните избори кандидатите и политичките партии изготвуваат понуда до граѓаните со своите идеи и планови за водење на единиците на локална самоуправа. Една од долгорочните цели на МЦМС е Добро владеење, партиципација и политики засновани на луѓето која се фокусира на подигањето на стандардите во практикувањето на власта, зголемување на одговорноста и отчетноста на институциите и подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во носењето одлуки.

Општа цел на проектот е придонес кон доброто управување во Македонија, со зголемена одговорност на институциите, партиите, граѓанските организации и самите граѓани.

Цел на проектот е да се придонесе за фер и демократски избори, преку поддршка на професионалната и транспарентна работа на изборните органи, зајакнато професионално и етичко известување за изборите во медиумите и промоција на конструктивен демократски дискурс за време на кампањата и во текот на самиот изборен ден и по завршување на зборите.

Целна група на проектот е целата јавност во Македонија, со фокус на гласачите, кои користат Интернет, како директни корисници.

Очекуван резултат е информирана и вклучена јавност во изборниот процес.

 

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е граѓанска организација основана во 1993 г. Визијата на МЦМС е мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално. МЦМС за остварување на својата визија и цели соработува со граѓански организации и другите чинители во општеството. За ефективно влијание врз јавните политики, МЦМС работи на истражувања и анализи за да ги базира своите акции на факти и промовира аргументирани расправи.