Неправилностите на изборите ќе се следат со Ushahidi платформата

It.com.mk објави разговор со Борис Ристовски за Ushahidi – слободен софтвер со отворен код кој се користи за собирање информации и нивно визуелизирање преку интерактивно гео-мапирање кој ќе се користи за следење на македонските парламентарни избори. Разговорот дава одговори на основни но важни прашања за користење на овој софтвер.

Неправилностите на изборите ќе се следат со Ushahidi платформата

Ushahidi поради својата одлична можност за мапирање на итни настани со помош на сите инволвирани во истите беше изгласан како пионир на технологијата за 2010, а самата платформа се покажа неверојатно корисна во бројни примери ширум светот за следење на изборите и помагање при незгоди и природни катастрофи.

Сега Ushahidi ќе се користи и за следење на македонските парламентарни избори. Мојотизбор.мк го приспособи отворениот код на Ushahidi за да се мапираат изборните единици, неправилностите на изборите, митинзите и друг вид на информации, донесувајќи ја транспарентноста со помош од самите граѓани.

„Традиционалните медиуми располагаат со ограничени ресурси за следење на големи настани, па неможноста од итно медиумско известување за сите неправилности се надополнува со помош на граѓаните.“, вели Борис Ристовски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Мојотизбор.мк е проект на МЦМС, Институтот за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ)....

Целата статија може да се прочита на следниот линк: http://www.it.com.mk/nepravilnostite-na-izborite-kje-se-sledat-so-ushahidi-platformata/#ixzz1NNb131S7