Мониторинг на медиуми

Дел од активностите поврзани со Локалните избори 2013 е мониторингот на медиумите, односно на вестите кои се однесуваат на изборите. Мониторингот следи квантитет во објавите, а не квалитет.

daily-izbori

Мониторингот се спроведува над 62 медиуми кои имаат он-лине изданија со помош на агрегаторот Daily.mk каде се селектираат вестите во чија содржина се спомнуваат локалните избори.

Надвор од збирната бројка, вестите потоа се делат во неколку категории. Тоа овозможува да се види за кои општини најмногу се известува, која од политичките партии колку е застапена, колку се известува за секој од кандидатите, а колку за темите кои се во надлежност на општинските администрации. Мониторингот овозможува да се види и кој од медиумите колку известува за локалните избори.

Што се однесува до статистиката, како што е напомнато, бројот на вести се добива преку агрегаторот Daily.mk со помош на алгоритам за клучни зборови поврзани со изборите. Алгоритамот е бинарна квантитативна анализа. Од вестите поврзани со изборите ги групира во четири категории осумте најчесто спомнувани имиња на кандидати за градоначалници, партии, општини и теми.

Покрај статистиката, мониторингот ќе ви овозможи да ги видите сите информации поврзани со локалните избори на едно место и да бидете во тек со новостите. Погледнете повеќе на http://daily.mk/izbori