Граѓаните за локалните избори 2013

graganite-za-izborite-2013[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор започнаа низа заеднички актив-ности за Локалните избори 2013, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање.

На јавноста веќе и беше презентирано истражувањето „Профилот на мојот градоначалник“. Денес ви го презентираме воведното истражување на јавното мислење за очекуваната излезност на денот на изборите, проценката за освојување на советнички места, како и рејтинзите на партиите на национално ниво и довербата во политичарите.

Во однос на веројатноста за излегување на гласање за локалните избори на 24 март, 69,2% од граѓаните се сигурни во тоа. Ова е повеќе од претходните три изборни циклуси (63,5 % во 2011 г., 54,6 % во 2009 г. и 49,8 % во 2005 година).

Со оглед на тоа што анкетата е правена на национално ниво (анкетите по општини ќе следат во наредните денови), направена е анкета за советнички места. На прашањето за која советничка листа ќе гласаат, 25,7 % се опреде-лиле за ВМРО-ДПМНЕ, 13,7 % за СДСМ, а следат ДУИ (9,7 %), ДПА (5,0 %) и НДП (1,6 %). Сите други (се појавуваат вкупно 13 субјекти) се со помалку од 1 %. Сепак, треба да се има предвид дека на минатите избори другите (вкл. независните) советнички листи освоиле речиси третина (31,8 %) од гласовите и со тоа – советнички места.

Оваа воведна анкета е искористена и за проверка на рејтингот на политичките партии во случај на парламентарни избори. И тука соодносот е сличен, ВМРО-ДПМНЕ (26,6 %), СДСМ (14,9 %), ДУИ (9,9 %), ДПА (5,6 %) и НДП (1,5 %).

Исто така, испитаниците беа прашани (отворено прашање, без читање иста) во кој политичар имаат најмногу доверба. Тука, лидерите на петте парламентарни партии ја предводат листата на доверба, со убедлива предност на Никола Груевски (28,7 %), пред Бранко Црвенковски (7,7 %), Али Ахмети (7,5 %), Мендух Тачи (4,3 %) и Руфи Османи (1,5 %). Од друга страна, најмногу граѓани (28,9 %) се определиле за одговорот „Ниту еден“.

Истражувањето е направено преку телефонска анкета на 8 и 9 март 2013 година, на репрезентативен примерок од 1.095 испитаници со +/- 3 % грешка.