Филип Петровски

Filip_PetrovskiД-р Филип Петровски
Листа на кандидати на пратеници: Демократска десница
Политичка партија: Демократска десница
Изборна единица: 1
Реден број: 1

Роден во 1972 г., во Куманово Живее во Скопје.

Образование

  • Доктор по Политички науки
  • Mагистерските студии по меѓународно право и политика на магистерска тема - Реформа на системот за колективна безбедност на ООН, со професорот Тања Петрушевска како ментор 2007


Професионална кариера


Партиски функции

  • Претседател на политичка партија Демократска десница 2011- денес
  • Координатор на политичката академија на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Дипломатски работи и меѓународна политика", истовремено и еден од предавачите 2005 - 2006
  • Секретар на Комисија за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот 2003-2006
  • Член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ 1997 - 2002
  • Повремен колумнист во неделникот „Фокус", како и во гласникот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Завет 1997 - 1998
  • Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ 1997 - 2000
  • Шеф на кабинет на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ 1997
  • Потпретседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ 1997


Членства во организации

  • Редовен колумнист во дневниот весник „Утрински Весник" 2007 – 2008 и Повремен колумнист во дневниот весник „Дневник"2004 - 2005
  • Коорганизатор со Срѓан Керим на изложбата „Луѓе кои го сакаат Њујорк", одржана под покровителство на Музеј на Град Скопје 2006
  • Доживотен член на меѓународната бизнис заедница на Њу Џерси 2002
  • Учесник во одбраната на татковината во полициските резервни сили, ангажирани во Тетовско, присутен на сите фронтови 2001
  • Претседател на партиската комисија за надворешни работи по договор и овластување на Борис Трајковски кој во тоа време беше Претседател на Република Македонија 2001
  • Предавач на експерименталната програма ПЕКСНАС на тема политички систем 2000
  • Претседател на МКФ (Македонска Карате Федерација) 1999 - 2001
  • Член на управен одбор на кошаркарскиот клуб - „Годел Работнички"1998 - 1999
  • Претседавач на комисијата за млади на ЦЕИ (Централно Европска Иницијатива) 1999 - 2000
  • Од страна на повеќе студенти е промовиран за кандидат за Претседател на Сојузот на студентите на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, но поради јавното признание за членство во политичка партија е оневозможен процедурално воопшто да стигне до гласачки ливчиња 1996


Социјални медиуми


Извор на информации
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 (25.05.2011)
Доставени информации од кандидатот
Извор на фотографија
Доставена фотографија од кандидатот

Pin It