Предизборните рејтинзи споредени со изборните резултати

МЦМС ги следеше објавите на агенции/организации за рејтингот на политичките партии и објави преглед на предизборните анкети на 30 мај 2011 година. Рејтинзите на ИСППИ и Брима се теренски и се направени пред почетокот на кампањата (што може да влијае на нивната точност), додека другите се предизборни рејтинзи и се направени 1-2 недели пред изборите.

Преглед на отстапувања на предизборни рејтинзи од изборни резултати

Денес објавуваме извештај за споредба на рејтинзите на девет агенции/органи-зации за мерење на рејтингот на политичките партии, со остварените изборни  резултати.

Во извештајот ќе ги најдете споредбено рејтинзите на партиите (како процент од определените гласачи) и постигнатиот процент на освоени гласови (од важечките гласачки ливчиња), како и проценка на бројот на освоени пратенички мандати. Покрај споредбениот приказ на рејтинзите и резултатите, како и отстапувањата на секоја од агенциите во проценти на освоени гласови, односно број на освоени пратенички мандати, направени се и индекси на просечни отстапувања во рејтинзите.

sporedba-na-anketite-so-rezultatite-od-izboriteПредизборните рејтинзи на неколку агенции се точни, односно се во рамките на објавената статистичка грешка. ИПИС и ИДСЦС имаат најточни рејтинзи (најмали просечни отстапувања од резултатите во процентни поени), ИДСЦС има најточен сооднос ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ и ДУИ /ДПА, а  најточно  предвидување на број на пратеници имаат  ИПИС и ИДСЦС. Најголеми отстапувања во број на пратеници има во други политички партии кои освоија 12,1% од гласовите, а  само 2 пратеника.

Повеќе детали, вклучително и споредба на рејтинзите со резултатите на  посебните политички партии може да ги најдете во извештајот.

Pin It