Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) утре, петок, 20 мај 2011 година во 10:30 во хотелот Холидеј ин ќе одржат прес конференција на која ќе ги промовираат изборните активности.
Трите партнери ќе ги промовираат активностите за набљудување на изборниот процес што опфаќаат набљудување и анализа на програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање. На промоцијата ќе биде промовирана веб страницата „Мојот избор 2011“ заедно со наменски направената апликација на Daily MK.
МЦМС, ИДСЦС и МИМ ги започнаа заедничките активности за Изборите 2011 со анкетата и трибината „Профилот на мојот пратеник“.