Споредба на изборните програми за општина Пробиштип: Што ветуваат кандидатите?
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е во предност после првиот круг во Пробиштип, но кандидатот на СДСМ се надева дека со својата програма ќе ги придобие гласовите од независниот кандидат и ќе победи. Кој и да биде идниот градоначалник ќе мора да го слуша гласот на двајцата независни советници, бидејќи односот на силите во советот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ практично е изедначен.