Прирачник за локални избори во Република Македонија 2017 – Прво издание

priracnik mk fotoИнститутот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го подготви Прирачникот за локалните избори во Република Македонија во 2017 година.

Во ова издание на Прирачникот можете да ги добиете сите релевантни информации за изборниот процес, легислативата, начинот на гласање односно изборниот модел, за кандидатите за градоначалници и членови на општинските совети како и за настаните кои им претходеа на овие локални избори.

Прирачникот во своето второ дополнето издание кое ќе се објави по завршувањето на изборите ќе ги содржи и крајните резултати од спроведените избори и оценките за спроведувањето на изборите од страна на учесниците како и на релевантните набљудувачки мисии и организации. Во прирачникот се обработени и сите досегашни изборни циклуси од прогласувањето на независноста до денеска.

Прирачникот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.