Локалните избори на 15 октомври ќе бидат следени од 147 набљудувачи од Македонија и од странство.
Најмногу набљудувачи, односно 50, пријавил Македонскиот центар за култура и развој, МОСТ 13, а Цивил – Центар за слобода 12. Дел од македонските набљудувачи веќе објавија повици за волонтери и набљудувачи за престојните избори.
35 набљудувачи ќе има ОБСЕ/ОДИХР, додека Амбасадата на САД ќе следи со 24. Косовската комисија за изборни жалби и приговори ќе се приклучи во следењето на изборите во Македонија со шест набљудувачи, Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје со петмина, а Меѓународната фондација за изборни системи-ИФЕС со двајца набљудувачи.