94 од кандидатите кои се во моментов на некаква функција имаат поднесено анкетен лист. Ги издвоивме десетте „најтешки“ според вредноста на анкетниот лист. Од најбогатите десет, седум се градоначалници, двајца министри и еден пратеник. Нивното богатство тежи колку на останатите 74 кандидати функционери кои имаат поднесено анкетен лист.
Анкетниот лист на Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ (актуелен градоначалник на Кочани) има вкупна вредност од 216 милион денари.