27 независни кандидати за градоначалник во 22 општини и 47 листи на кандидати за членови на совет во 27 општини (преглед: http://bit.ly/nezavisni) успеаа да ги соберат потребните потписи, но се уште нема ниту една поднесена кандидатура до Државна изборна комисија.
Рокот за поднесување на листите за кандидати за градоначалници и членови на советите истекува на 14 септември на полноќ.