Во подрачните единици и канцеларии на Државна изборна комисија во тек е собирање потписи за независните листи за советници и за градоначалници.
Потписи за градоначалници се собираат во Битола, Вевчани, Гази Баба, Дебарца, Карпош, Куманово, Радовиш, Старо Нагоричани и за двајца кандидати за градоначалник во Охрид.
За членови на совет потписи се собираат во Битола, Дебарца, Долнени, Кавадарци, Кривогаштани, за осум листи во Македонски Брод, и за по две советнички листи во Охрид и во Радовиш.
Контакт информации од сите одговорни лица за собирање на потписи по општини може да најдете на следниот линк http://bit.ly/2waGuXt