Роковник за Локални избори 2017

Државна изборна комисија го усвои роковникот за локалните избори http://bit.ly/2vZHHkh (7 август 2017)

  • Изборите ќе се одржат на 15 октомври, вториот круг на 29 октомври;
  • Политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 14 септември;
  • Јавниот увид во избирачкиот список почнува на 21 август и ќе трае до 9 септември;
  • Рокот за собирање потписи за листи на независните кандидати за советници и за градоначалници е од 21 август до 4 септември;
  • Ждрепката за утврдување на редослед на кандидатите на гласачко ливче ќе се изврши најдоцна до 18 септември;
  • Набљудувачите треба да се акредитираат најдоцна до 4 октомври;
  • Од 7 август од Агенцијата за медиуми почнува надзорот на медиумите за начинот на кој ќе известуваат за време на изборите.

mi2