Рејтинзи и резултати

Истражувањата за кандидатите за градоначалници и за советничките листи, расположението на гласачите за нив како и подготвеноста да излезат на избори се едни од најинтересните содржини на www.mojotizbor.mk. МЦМС и ИДСЦС во рамките на активностите поврзани со локалните избори 2013 спроведе анкети во 12 општини, ги проверуваше Ставовите на граѓаните за локалните избори и спроведе Завршна анкета за граѓаните и локалните избори.

rejtinzi-i-rezultati

Освен истражувањата на МЦМС и ИДСЦС на веб страницата во делот за рејтинг анкети можете да ги најдете и анкетите на Институтот за социјална демократија „Прогрес“, Агенцијата „Рејтинг“, Институтот „Димитрија Чуповски“ и Институтот „Павел Шатев“.

Во вториот дел, ’резултати од избори’ ќе бидат објавени резултатите од Локалните избори 2013. Во моментов, таму можете да ги видите резултатите од Парламентарните избори 2011.

Посетете ја http://www.mojotizbor.mk/izbori-2013/rejtinzi-i-rezultati.html и информирајте се за рејтинзите и за резултатите.

Pin It