Сите сакаат да бидат градоначалници

Големиот интерес за градоначалничка фотеља на овие избори го потврдува и бројот од 350 (неофицијално) кандидати за градоначалници. Најмалку имињата на кандидатите, како и политичката партија што ја претставуваат можете да ги видите на ’Мојот избор’.

kandidati-mojot-izbor

Кандидатите можете да ги прегледувате според политичките партии чии кандидати се. Свои кандидати за градоначалници имаат 20 политички партии, а 29 од кандидатите се предложени од група избирачи. Кандидатите може да се прегледуваат и според општините за кои се кандидирале. Прегледувањето по општини ви е олеснето и со интерактивна мапа. 

Веб страницата ви нуди и преглед на советничките листи, односно на подносителите на советничките листи по општини.

Во делот за анализи можете да ги најдете последните истражувања направени од МЦМС и ИДСЦС, „Профилот на мојот градоначалник“ и „Интернет присуство на кандидатите во изборите 2013“.

Последниот дел се однесува на присуството на кандидатите во медиумите. Преку агрегаторот Daily.mk со чија помош се собираат информациите поврзани со локалните избори, може да се види за кој од кандидатите најмногу известуваат медиумите.

Искористете го своето право да бидете информирани за она што ви се нуди на Локалните избори 2013, посетете го http://www.mojotizbor.mk/izbori-2013/kandidati.html

Pin It