Политичките партии и програмите за локалните избори

Политичките партии на овие локални избори, низ програмите, како да даваат писмено ветување за проектите што планираат да ги реализираат во мандатот. Понудата на програми на политичките партии, односно на нивните кандидати за градоначалници е навистина голема.

partii-programi-mojot-izbor

На ’Мојот избор’ можете да погледнете вкупно 171 програма. Од нив, 166 се програми направени за секоја од општините каде што политичката парија има свој кандидат, а една е на кандидат предложен од група избирачи. Четири од политичките партии имаат општи програми.

На веб страницата можете да ги погледнете програмите по политички партии. Ќе забележите дека од 22 политички партии колку што учествуваат на локалните избори, 11 имаат подготвено програми, а една е од група избирачи. Програмите можете да ги пребарувате и по општини. Така ќе можете да споредите што нудат различни кандидати во истата општина.

Од денес, МЦМС и ИДСД започнаа со споредувањето и анализирањето на дел од програмите во вкупно осум општини. Тоа можете да го видите во делот за анализи.

Во делот ’Партиите на Daily.mk’ можете да го видите интересот на медиумите за политичките партии, односно колку известуваат за нив.

Искористете ја можноста и информирајте се за понудата на политичките партии за вашето место, погледнете на http://www.mojotizbor.mk/izbori-2013/partii-i-programi.html

Pin It