Граѓаните за изборите во Скопје и Тетово

skopje(Прес соопштение) МЦМС и ИДСЦС, во рамки на проектот „Мојот избор“ спроведуваат низа заеднички активности за локалните избори 2013, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање.

Денес ви ги презентираме резултатите од истражувањата на јавното мислење во Скопје и Тетово за: излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на градот Скопје и општина Тетово.

Истражувањето е спроведено од ИДСЦС преку телефонска анкета на 17 март 2013 година, на репрезентативен примерок од 830 испитаници со +/- 3,5 % грешка.

Напомнуваме дека анкетата е направена во период на излез од политичката криза и на изборна кампања. Политичката поларизација влијае на јавното мислење, а со тоа во одредена мера и на резултатите од анкетата.  Имајќи го предвид ова, категоријата „не сакам да кажам“ може да одразува дел од „скриените гласачи“ и учеството на тие одговори може да влијае на точноста на рејтинзите на партиите и/или кандидатите.

Би сакале да укажеме дека непрезентирањето на целосните податоци, посебно на одговорите „не сакам да кажам“ и тоа кога се во значаен број, во медиумските извештаи, може да доведе до необјективно информирање.

На линкот: http://www.mojotizbor.mk/izbori-2013/rejtinzi-i-rezultati/rejting-anketi.html се објавени и извештаите од анкетите за претходните десет општини (Струмица, Штип, Гостивар, Прилеп, Битола, Велес, Аеродром, Охрид, Карпош и Куманово).

Повеќе информации може да добиете во двете организации: Гонце Јаковлеска (02/3088-970 и 070/252 081) во МЦМС и/или Владимир Мисев (02/3094-760) во ИДСЦС.

skopjetetovo

Pin It