Граѓаните за изборите во Куманово

kumanovoМЦМС и ИДСЦС, во рамки на проектот „Мојот избор“ спроведуваат низа заеднички активности за локалните избори 2013, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање.

Денес ви ги презентираме резултатите од истражувањето на јавното мислење во Кумново за излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на тaa општинa.

Истражувањето е спроведено од ИДСЦС преку телефонска анкета на 15 и 16 март 2013 година, на репрезентативен примерок од 813 испитаници со +/- 3,5 % грешка.

Напомнуваме дека анкетата е направена во период на излез од политичката криза и на изборна кампања. Политичката поларизација влијае на јавното мислење, а со тоа во одредена мера и на резултатите од анкетата.  Имајќи го предвид ова, категоријата „не сакам да кажам“ може да одразува дел од „скриените гласачи“ и учеството на тие одговори може да влијае на точноста на рејтинзите на партиите и/или кандидатите.

Би сакале да укажеме дека непрезентацијата на целосните податоци и посебно на одговорите „не сакам да кажам“ и тоа кога се во значаен број, во медиумските извештаи, може да доведе до необјективно информирање.

На http://www.mojotizbor.mk/izbori-2013/rejtinzi-i-rezultati/rejting-anketi.html се објавени и извештаите од анкетите за претходните девет општини (Струмица, Штип, Гостивар, Прилеп, Битола, Велес, Аеродром, Охрид и Карпош).
Утре, 18.3.2013 г. ќе бидат објавени резултатите од уште неколку анкети. Изборот на општините е направен со земање предвид на регионалната застапеност, големината и  интересот за исходот во определени општини од граѓаните и медиумите, претставен преку застапеноста на вести за тие општини и коментари од граѓани на тие објави.

Повеќе информации може да добиете во двете организации: Гонце Јаковлеска (02/3088-970) во МЦМС и/или Владимир Мисев (02/3094-760) во ИДСЦС.

kumanovo

Pin It