Граѓаните за изборите во Гостивар, Прилеп, Струмица и Штип

shtip-2013-[Прес сопоштение] МЦМС и ИДСЦС, во рамки на проектот „Мојот избор“ спроведуваат низа заеднички активности за локалните избори 2013, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање.

По анкетата за рејтинзите на национално ниво, денес ви ги презентираме резултатите од истражувањата на јавното мислење во четири општини за: излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на тие општини

Првите четири општини за кои се правени анкети се Гостивар, Прилеп, Струмица и Штип. Анкети ќе се прават и во десетина други општини во текот на оваа недела и ќе се објават до понеделник, 18.03.2013 г. Изборот на општините е направен со земање предвид на регионалната застапеност, разноличност на партиската припадност на актуелните градоначалници и интензитетот на интересот за крајниот исход во определени општини од граѓа-ните и медиумите, претставен преку застапеноста на вести за тие општини и коментари од граѓани на тие објави.

Напоменуваме дека анкетите се направени во период на излез од политичката криза и на изборна кампања. Политичката поларизација влијае на јавното мислење, а со тоа во одедена мера и на резултатите од анкетата.  Имајќи го предвид ова, категоријата „не сакам да кажам“ може да одразува дел од „скриените гласачи“ и учеството на тие одговори може да влијае на точноста на рејтинзите на партиите и/или кандидатите.

Истражувањата се направени преку телефонска анкета 8 до 11 март 2013 година, на репрезентативни примероци од околу 800 испитаници со +/- 3,5 % грешка. МЦМС и ИДСЦС продолжуваат со спроведување на анкетите во текот на оваа недела и други активности за локалните изборите, до нивното завршување. Повеќе информации може да добиете на http://mojotizbor.mk/izbori-2013/rejtinzi-i-rezultati/rejting-anketi.html или во двете организации: Гонце Јаковлеска (02/3088970) во МЦМС и/или Владимир Мисев (02/3094760) во ИДСЦС.

gostivar-2013prilep-2013-shtip-2013-strumica-2013-

Pin It