Граѓаните за изборите во Битола, Велес и Аеродром

aerodrom[Прес соопштение] МЦМС и ИДСЦС, во рамки на проектот „Мојот избор“ спроведуваат низа заеднички активности за локалните избори 2013, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање.

По анкетата за рејтинзите на национално ниво и првите четири општински анкети, денес ви ги презентираме резултатите од истражувањата на јавното мислење во нови три општини – Битола, Велес и Аеродром, за: излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на тие општини.

Целосните извештаи за секоја општина посебно, се објавени на http://www.mojotizbor.mk/izbori-2013/rejtinzi-i-rezultati/rejting-anketi.html.

Напоменуваме дека анкетите се направени во период на излез од политичката криза и на изборна кампања. Политичката поларизација влијае на јавното мислење, а со тоа во одедена мера и на резултатите од анкетата.  Имајќи го предвид ова, категоријата „не сакам да кажам“ може да одразува дел од „скриените гласачи“ и учеството на тие одговори може да влијае на точноста на рејтинзите на партиите и/или кандидатите.

Истражувањата се направени преку телефонска анкета 8 до 11 март 2013 година, на репрезентативни примероци од околу 800 испитаници со +/- 3,5 % грешка. МЦМС и ИДСЦС продолжуваат со спроведување на анкетите во текот на оваа недела и други активности за локалните изборите, до нивното завршување. Повеќе информации може да добиете во двете организации: Гонце Јаковлеска (02/3088970) во МЦМС и/или Владимир Мисев (02/3094760) во ИДСЦС.

aerodrombitolaveles