Повисоките плати и на овие парламентарни избори е едно од клучните ветувања на партиите, пред се на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ кои веќе презентираа делови од економските програми.
Кога станува збор за просечната плата, позициите на двете партии се следниве: СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија вети дека во наредните четири години таа ќе достигне 36.000 денари или околу 600 евра. Или за околу 160 евра повеќе од сегашната.
ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО, пак, најави дека ќе се зголеми за минимум 25 отсто, односно „во просек за 6.500 денари повеќе од просечната плата за декември 2019 година“.
Во очекувања на изборите, погледнете ја илустрацијата која ја подготвивме, а го означува трендот на пораст/ намалување на просечната нето плата низ годините https://public.flourish.studio/visualisation/1513812/