Зоран Поповски

zpПолитичка партија: ГРОМ

Програма: /

  • Роден на 08.09.1962, во Скопје.  Живее во Скопје. Оженет е, има син и ќерка.

Образование

  • Дипломирал на Дипломирал на Природноматематичкиот факултет во Скопје со просек 9.8 и се стекнал со звањето дипломиран професор по биологија.
  • Во 2002 година докторира на примена на современи ДНК методи во анималната биотехнологија на ФЗНХ. 
  • Научното усовршување го реализирал низ повеќемесечни престои на Универзитетот во Осака, Јапонија, во Меѓународните центри за генетско инженерство и биотехнологија во Трст, Италија и Њу Делхи, Индија, како и на повеќенеделни престои на Националниот институт за истражување во агрономијата во Нант, Франција, Институтот за храна во Браушвајг, Германија и во Националниот институт за биологија во Љубљана, Словенија.   

Професионална кариера

  • Од 1992 година е вработен на Факултетот за Земјоделски науки и храна, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ предава и на Технолошко-металуршкиот и на Фармацевтскиот факултет.     
  • Во моментот е раководител на Катедрата за биохемија и генетско инженерство.
  • Престојувал и работел како визитинг професор на Универзитетот Охајо.
  • 2002 година е именуван за Државен секретар во Министерството за образование и наука и на таа функција останува до 2006 година.

Членства во организации

  • Претседател на сојузот на студенти на ПМФ
  • Член на претседателството на универзитетската конференција на студентите од УКИМ
  • Член на претседателството на Републичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија водејќи ги професионално секторите за образование, наука и екологија.
  • Член на Научниот комитет на NATO во EUPAC формат и на Советодавниот одбор на Европската фондација за обука

Интернет страна

  • /

Социјални медиуми

Извор на информации