Шест од кандидатите за претседател се во моментов на некаква јавна функција и имаат поднесено анкетен лист.
Анкетниот лист на Арбен Таравари (актуелен градоначалник на општина Гостивар) има највисока вкупна вредност од 75 милиони денари, односно околу 1,2 милиони евра.
Додека пак, анкетниот лист на Стево Пендаровски има најниска вкупна вредност од нешто повеќе од 2 милиони денари, или 37 илјади евра.
Кандидатите Стево Пендаровски и Бујар Османи немаат наведено вредност на дел од пријавениот имот, а кандидатката Гордана Силјановска Давкова нема пријавено личен имот.