Од направената анализа на финансиските извештаи за средствата потрошени во кампањата пред првиот и вториот круг на локалните избори доставени за ДИК, ДЗР и ДКСК може да се констатира дека најголемите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Движењето Беса, ДПА, партијата Алијанса на Албанците, Коалиција Алијанса на Албанците, Гром и Левица потрошиле вкупно 135.026.558 денари (2.195.553 евра). Овие партии според достапните извештаи од донации и членарини во овие три периоди од кампањите собраа вкупно 106.615.601 денари (1.733.587 евра).
Извор: ИДСЦС
Извор на податоци: ДЗР