Daily.mk
FacebookTwitter

18-24.03.2013 Трет неделен преглед на изборите во медиумите

statsНеделниот пресек на известувањето на медиумите на теми поврзани со Локалните избори 2013 е дел од проектот Мојот избор на МЦМС и ИДСЦС. Агрегирањето на информациите презентирани во него се прави во соработка со порталот Daily.mk. Презентираните  податоци се собрани од 62 медиуми кои имаат свои он-лине изданија.

Темите се поделени во пет категории: политички партии, општини (вкл. и градот Скопје), кандидати за градоначалници, теми релевантни за локалниот развој (согласно со законските надлежности на општините) и медиуми.

Објавите се следат и анализираат на дневно ниво, со графички прикази за секој ден од кампањата и кумулативно. Ова е третиот неделен пресек кој се однесува на периодот 18-24 март 2013.

Повеќе...

Рејтинзи и резултати

Истражувањата за кандидатите за градоначалници и за советничките листи, расположението на гласачите за нив како и подготвеноста да излезат на избори се едни од најинтересните содржини на www.mojotizbor.mk. МЦМС и ИДСЦС во рамките на активностите поврзани со локалните избори 2013 спроведе анкети во 12 општини, ги проверуваше Ставовите на граѓаните за локалните избори и спроведе Завршна анкета за граѓаните и локалните избори.

rejtinzi-i-rezultati

Повеќе...

Информирајте се за текот на изборните кампањи

Мојот избор ви нуди релевантни информации поврзани со изборните кампањи. Кандидатите за градоначалници и политичките партии овие денови одржаа 76 митинзи, средби и посети. Проверете кој од предизборните каравани кога доаѓа во вашето место на живеење.

izborni-kampanji

Повеќе...

Пријави неправилности

Не се воздржувајте да ги пријавите неправилностите на изборниот процес што сте ги забележале. Доколку не сте сигурни дали станува збор за нерегуларност, проверете на Листата на нерегуларности.

Нерегуларностите можете да ги пријавите на https://mojotizbor.crowdmap.com/main. Изберете една од опциите: пријавете од вашиот iPhone или Android; испратете tweet со хаштаг: #prijavi или email на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или едноставно пополнете го формуларот на нашата веб страница.

www.mojotizbor.mk

Повеќе...

Партиите дадоа финансиски отчет за првите 10 дена кампања

analiza-na-prihodi-i-rashodi-vo-prvite-10-denaПрвите финансиски извештаи за предизборната кампања, поднесени од политичките партии, покажаа дека досегашните вкупни расходи изнесуваат околу 1.100.000 евра.

Најголем дел од нив се за кампањата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМЕ, 67%. На второ место според расходите е СДСМ со 20,4%, а на трето ДУИ со 8,8% од вкупните расходи.

Повеќе...