Daily.mk
FacebookTwitter

18-24.03.2013 Трет неделен преглед на изборите во медиумите

Неделниот пресек на известувањето на медиумите на теми поврзани со Локалните избори 2013 е дел од проектот Мојот избор на МЦМС и ИДСЦС. Агрегирањето на информациите презентирани во него се прави во соработка со порталот Daily.mk. Презентираните  податоци се собрани од 62 медиуми кои имаат свои он-лине изданија.

Темите се поделени во пет категории: политички партии, општини (вкл. и градот Скопје), кандидати за градоначалници, теми релевантни за локалниот развој (согласно со законските надлежности на општините) и медиуми.

Објавите се следат и анализираат на дневно ниво, со графички прикази за секој ден од кампањата и кумулативно. Ова е третиот неделен пресек кој се однесува на периодот 18-24 март 2013.

nedela3 partii

Во објавите во кои се спомнуваат политичките партии има мали разлики во однос на претходната недела. За 2 процентни поени е намалено учеството на ВМРО-ДПМНЕ, а за 1 тоа на СДСМ. Следат ДУИ и ДПА со 9% односно 5%. И кај двете има зголемување за по 2 односно 1 процентен поен. Уште една разлика во однос на претходната недела е појавувањето на две нови политички партии на листата најспоменувани во медиумите и тоа ВМРО-НП и НСДП. На листата оваа недела ги нема НДП и НДП-ДПТМ. За останатите политички партии  и оваа недела остануваат 7% од вестите, што е исто ниво во однос на претходната недела.

nedela3 opshtini

Во поглед на општините, процентот на известување за седумте најчесто спомнувани се намалил на 44% во однос на претходната недела кого беше 49%. Известувањето за Скопје е намалено за 2 процентни поени 12% (претходно 14%), а опаднал интересот и за Центар и за Карпош за 2, односно за 3 процентни поени. Трета најспоменувана општина оваа недела е Битола со 6% (2 повеќе од претходната недела), а четврта е Охрид со 5%. Охрид воопшто не се појавуваше во седумте општини за кои најчесто се известувало. Ист е интересот за Струмица (4%), а се намалил тој за Кичево на 3% од 4% колку што имаше претходната недела. Куманово воопшто не е меѓу седумте најинтересни за медиумите.  

nedela2 kandidati

На најспоменуваните седум кандидати за градоначалници отпаѓаат 32% од објавите за разлика од минатата недела кога тие ’окупирале’ 36% од објавите.  Имајќи предвид дека во првата недела тој процент изнесуваше 45%, ова укажува на тренд во прилог на информирањето за поголем број од кандидатите за градоначалници. Првите двајца кандидати си ги смениле местата. Најмногу интерес оваа недела имало за Коце Трајановски 6%, а за Андреј Петров, 5%, исто колку и за Јани Макрадули. Додека интересот за Петров опаднал за 3 процентни поени, кај Макрадули се зголемила за 1 процентен поен. Исто се застапени и Александар Петрески , Владимир Тодоровиќ, Зоран Заев, Јагнула Куновска, сите по 4%. На листата седум најинтересни за медиумите оваа недела го нема Стевчо Јакимовски, на негово место се појавува Александар Петрески. Додека кај Куновска има намалување за 1 процентен поен, кај Тодоровиќ и кај Заев нивото е исто како претходната недела

nedela3 temi

Што се однесува до темите за кои известуваат медиумите, оваа недела се случи една измени: во топ седумте теми се врати ИКТ на месото на ’урбанистичко планирање’. Првите три од претходната недела остануваат неприкосновени и оваа недела: комунални дејности (23%, пад за 5 процентни поени), транспарентност и отчетност (20%) и спорт и рекреација (14% пад за 2 процентни поени). Интересот за ’образование’ е а 2 процентни поени повисок од претходната недела и изнесува 7%, а за култура е понизок за 3 процентни поени и изнесува 5%. ИКТ има 6%, а ЛЕР еден повеќе од претходната недела, 5%.

nedela3 mediumi

На крај, може да се види кои од медиумите најчесто известувале за темите поврзани со локалните избори. Првите седум, оваа недела имаат помал дел од медиумскиот колач, 50% наспроти 54% претходната недела. А1Он се уште е водечка според тоа колку известува за локалните избори (11%), а на второ место  и оваа недела е Плус инфо (9%), Сител телевизија е трет (7%). Во топ седумте, оваа недела нема нови медиуми.

nedela3 partii

nedela3 opshtini

nedela3 kandidati

nedela3 temi

nedela3 mediumi