Daily.mk
FacebookTwitter

Аце Коцевски

Политичка партија: СДСМAceKocevski

Општина: Велес

Програма: преземи PDF

Аце Коцевски е роден 1961 година, оженет е и татко на две деца. Сопственик и управител е на друштво за градежништво и консултантски услуги.

 

Образование

дипломиран градежен инженер

 

Професионална кариера

Бил градоначалник на општина Велес од 2000-та до 2009-та година. Пред тоа меѓу другото ги извршувал и следните должности: претседател на Студентската организација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“; секретар на Младинската организација на поранешна Југославија, пратеник во Собрание на Република Македонија, координатор на пратеничката група и потсекретар во Министерството за локална самоуправа.

Аце Коцевски е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои: 2004 година награда на МЦМС за долгогодишен придонес во развојот на граѓанското општество и демократија, награда „Зелено јаболко“на ДЕМ, признание „Бела еко листа “ на ЕПЦ, признание „Хуманист на годината“.

Под негово раководство општина Велес била добитник на повеќе награди и признанија: Општина со најдобро изградени капацитети во 2005, 2006, 2007 и 2008 год. од проектите на УСАИД; II награда за најдобар проект на општините од ЕУ; награда за добро општинско управување на ФИООМ; три признанија за најдобри општински практики и награда за добро раководење од Совет на Европа, ЕУ и УСАИД.

 

Членства во организации

 /

 

Интернет страна

/

 

Социјални медиуми

Facebook/profile
Facebook/fan page

 

Извор на информации
http://www.facebook.com/akocevski (11.03.2013)
Извор на фотографија
http://www.facebook.com/akocevski (11.03.2013)