Daily.mk
FacebookTwitter

Извештај и препораки за работата на изборната администрација

izvestaj-2013-izborna-administracijaАвтор: Илина Мангова
Дата: Април 2013
ISBN: 978-608-4681-07-6
PDF:  izvestaj-2013-izborna-administracija.pdf

 

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“ спроведуваа повеќе заеднички активности за локалните избори 2013 година, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Мониторингот на изборната администрација беше насочен кон работата на изборните органи во текот на изборната кампања и на денот на гласање.

Набљудувачкиот тим ја следеше работата на Државната изборна комисија (ДИК), 15 општински изборни комисии (ОИК) во општините Аеродром, Карпош, Центар, Куманово, Шуто Оризари, Велес, Штип, Прилеп, Струмица, Битола, Кичево, Охрид, Струга, Гостивар, Тетово и Изборната комисија на град Скопје (ИКГС), а на денот на изборите вршеше статично и мобилно набљудување на избирачки места во истите општини. На денот на изборите беа набљудувани 112 избирачки места со повеќе од 250 статични и 17 мобилни набљудувачи кои кои го следеа процесот на гласање и пребројување на гласовите.