Daily.mk
FacebookTwitter

Предизборните рејтинзи споредени со изборните резултати

МЦМС ги следеше објавите на агенции/организации за рејтингот на политичките партии и објави преглед на предизборните анкети на 30 мај 2011 година. Рејтинзите на ИСППИ и Брима се теренски и се направени пред почетокот на кампањата (што може да влијае на нивната точност), додека другите се предизборни рејтинзи и се направени 1-2 недели пред изборите.

Преглед на отстапувања на предизборни рејтинзи од изборни резултати

Повеќе...

Анкета за рејтингот на политичките партии

Во период од 26 до 28 мај 2011 година, истражувачкиот тим на Институтот за демократија ја спроведе последната анкета пред оддржувањето на предвремените парламентарни избори за рејтингот на политичките партии во Република Македонија. Истражувањето е спроведено од ИДСЦС а поддржано од МЦМС, надвор од нивната воспоставена соработка за набљудување на изборите „Мојот избор 2011". Во прилог се објавите во медиумите.

Повеќе...

Половина од граѓаните очекуваат фер и демократски избори [медиуми]

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) воспоставија интегрирана платформа за набљудување на изборите. Дел од активностите на проектот Мојот избор 2011 се испитувањата на јавното мислење за прашања поврзани со изборите. Во прилог се објавите во медиумите за резултатите од анкетата.

Повеќе...

Граѓаните за текот на изборната кампања

Изборните кампањи на политичките партии[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) како дел од Мојот избор 2011, ги истражуваа мислењата на граѓаните за текот на изборната кампања и односот на медиумите.

Изборната кампања воопшто нема или малку ќе промени во рејтинзите на партиите, е став на мнозинството граѓани (59,6%), за разлика од 30,1% кои очекуваат голема или целосна промена на рејтинзите.

Повеќе...

Неправилностите на изборите ќе се следат со Ushahidi платформата

It.com.mk објави разговор со Борис Ристовски за Ushahidi – слободен софтвер со отворен код кој се користи за собирање информации и нивно визуелизирање преку интерактивно гео-мапирање кој ќе се користи за следење на македонските парламентарни избори. Разговорот дава одговори на основни но важни прашања за користење на овој софтвер.

Повеќе...