Daily.mk
FacebookTwitter

Прв извештај од интегрираниот мониторинг за изборите „Мојот избор 2011“

ПРВ ИЗВЕШТАЈ ОД ИНТЕГРИРАНИОТ МОНИТОРИНГ ЗА ИЗБОРИТЕ „МОЈОТ ИЗБОР 2011“Автори: Миша Поповиќ, Илина Мангова, Весна Никодиноска, Петрит Сарачини
Дата: мај 2011 година
PDF:prv-izvestaj-od-integriraniot-monitoring-za-izborite-mojot-izbor-2011.pdf



Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори, кои вклучуваат истражувања, набљудувања на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето. Исто така, како една од главните активности на проектот е изработката на веб- страницата www.mojotizbor.mk, на која можат да се најдат сите релевантни информации поврзани со изборниот процес.

Дел од активностите предвидени со мониторингот се извештаи за текот на изборната кампања, работата на изборната администрација, како и извештај од мониторингот на медиумите. Деловите за изборната администрација и политички кампањи се подготвени од и се одговорност на Институтот за демократија, додека делот за мониторинг на медиумите е подготвен и е одговорност на Македонскиот институт за медиуми.

За потребите на мониторингот на изборната администрација и текот на изборната кампања на територијата на Република Македонија ангажирани се 15 регионални координатори. Регионалните координатори ја следат работата на општинските изборни комисии и избирачките одбори, како и кампањските активности на политичките партии. Регионалните координатори доставија по два неделни извештаи во мониторираниот период и истите покриваат повеќе од 60 општини во државава. На денот на изборите, проектот ќе има распределено околу 200 статични набљудувачи во различни избирачки места кои ќе го следат процесот на гласање и пребројување на гласовите.

На централно ниво, мониторингот ја следи работата на Државната изборна комисија, како и активностите на политичките партии и за таа цел ангажирани се аналитичари за изборна администрација и аналитичар за кампањите на политичките партии.

Финалниот извештај од интегрираниот изборен мониторинг ќе биде објавен во текот на јуни и ќе вклучува оценка за изборниот процес во целина.